Конкурс за доделување на државната награда „Мајка Тереза“

Од 1-ви до 30 април 2017 ќе трае Конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2017 година – соопшти Министерството за култура кое конкурсот со условите и правилата за учество го објави на својата веб-страница www.kultura.gov.mk.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата. Паричниот дел од наградата изнесува пет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци на тековната година.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мајка Тереза” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Во една година може да се доделат најмногу до две награди.

– Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери – наведува Министерството за култура.

Иницијативите за доделување на наградата треба да се пратат во рокот до Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје.

Додади коментар

Би те интересирало и

Кој ќе доцни на претстава – нема да присуствува

Новиот директор на МНТ, Драган Спасов – Дац, вчера преку својот профил на „Фејсбук“ напиша ...

Овации за документарецот „Со љубов“

Насмевки, емоции, аплаузи и бурни овации предизвика проекцијата на македонскиот документарен филм „Со љубов“, посветен ...

Close