Конкурс за упис на студенти на УКИМ, слободни 10.818 места

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018 година, во кој новина е укинувањето на дисперзираните студии. Слободни се вкупно 10.818 места.

Според квотите одобрени од Владата, 5865 слободни места се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 17-ти и 18 август, вториот рок е на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.

Во конкурсот на УКИМ се наведени критериумите за упис и потребните документи. Еден од условите е положена државна матура. Резултатите од полагањето на екстерните испити од државната матура, Државниот испитен центар треба да ги објави најдоцна до 14 јули 2017 година.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ќе ги снема ли редукциите на вода конечно во Неготино?!

Реконструираната водоводна мрежа и новиот скада систем треба да бидат решение за деценискиот проблем со ...

По излевањето на Поројска река, 400 семества два дена се без вода за пиење

Од наносите од камења и земја кои ги донесе реката уништена е дел од водоводната ...

Close