Конституивната седница на косовскиот парламент најдоцна до среда

Конститувната седница на новиот косовски законодавен дом ќе се одржи наредната недела, најверојатно в среда – потврдија од победничката коалиција ПАН (Демократска партија, Алијасата за иднината на Косово и инцијативата за Косово).

Тие тврдат дека го обезбедиле потребниот број пратеници и оти очекуваат истиот ден да биде изгласана и новата влада. Ова, според нив,било разговарано ни на средбата на претседателот Хашим Тачи и кандидатот за премиер од коалцијата ПАН,Рамуш Харадинај. На средбата прсуствал и пратеникот на Алијасата, Даут Харадинај и поранешниот министер за животна средина, Дардан Гаши.

Од друга страна,пратениците на Демократскот сојуз на Косово и Алијасата за Ново Косово (коалиција ЛАА) велат дека нема да го дадат нивнот глас за Рамуш Хараднај за премер,пишува приштински „Зери“.

Според освоените гласови, коалицијата ПАН,има 39 пратенички мандати, Движењето „Самоопределување“ 32, коалицијата ЛАА 29 пратеници.Во 120-члениот парламент по десет пратеници,кои се загарнтирани, имаат Србите и партиите на немнозинските етнички заедници.

Западните земји вчера побараа од новоизбраните членови на Парламентот на Косово да го забрзаат формирањето на влада, бидејќи од изборите помина повеќе од еден месец.

Амбасадите на Франција, на Германија, на Италија, на Велика Британија и на САД издадоа заедничко соопштение во кое се наведува дека новите пратеници се „одговорни за формирање на нова влада“.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ерjaвец: Хрватска не заслужува да влезе во Шенген зоната

Словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерjавец во писмо до Европската комисија наведува дека Хрватска ...

Тачи: Партиите што побрзо да изнајдат формула за формирање стабила Влада

Косовскиот претседател, Хашим Тачи за „Гласот на Америка“ изјави дека за доброто на земјата политичките ...

Close