Косовскиот претседател го повлече предлогот за формирање војска

Косовскиот претседател Хашим Тачи го повлече во четвртокот својот предлог за брзо уставно воспоставување на војска на којшто се спротиставија неговите западни сојузници.

По војната којашто од 1998/1999 година којашто заврши со интервенцијата на НАТО и повлекување на српската војска од дотогашната српска покраина Косово и Метохија, која подоцна со поддршка од водечките земји од Западот еднострано прогласи независност во 2008 година од Белград, територијалната целост на земјата ги осигуруваат меѓународните сили кои ги предводи НАТО.

Меѓутоа, и покрај одредбите за безбедноста на Косово, тамошниот претседател Хашим Тачи на почетокот од март најави носење закон за формирање војска со 5.000 припадници, заобиколувајќи ја уставната одредба којашто бара согласност од српското малцинство.

„Целосно сме согласни дека тој процес (создавање војска) да се оствари низ уставните промени. Ќе создадеме косовска војска така да биде составен дел од НАТО, а не косовска војска која би била изолирана“, сепак во четвртокот рече претседателот Тачи за AFP.

НАТО и САД, коишто се сојузници со Тачи, се спротиставија на овој предлог и предупредија дека тоа би ја довело во прашање нивната поддршка на косовските безбедносни сили чијшто мандат е ограничен на заштитата на цивилите.

Оваа одлука на Хашим Тачи доаѓа во период на смирување на тензиите меѓу Белград и Приштина кои беа забележливи последните месеци.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Хан: ЕУ мора да работи на нов пристап кон Турција

Европската унија мора да престане да ги следи активностите на Турција и да развие нов ...

Дачиќ денеска ќе ги каже причините за повлекувањето на српските дипломати од Македонија

Персоналот на амбасадата вчера беше повикан на консултации во Белград. РТС денеска ја потврди информацијата ...

Close