Кошулата по која сите „плукаа“ стана моден хит

Кошулите со таканаречен хавајски принт некогаш беа исклучително актуелни, но со текот на времето како да станаа симбол од категорија на „невкус и кич“. Барем за некои. Но, изгледа дека сега се враќаат во полн сјај.

Таков впечаток доби публиката која присуствуваше на претставувањето на машката колекција на модната куќа Louis Vuitton. Моделите прошетаа по писта во креации меѓу кои преовладуваат токму хавајските кошули. Модната критика во новите парчиња виде асоцијација на моделите кои пред 20 години актерот Леонардо Ди Каприо ги носеше во филмот „Ромео и Јулија“. Кон ваквиот тренд се приклучија и други модни куќи, а хавајскиот принт си резервираше позиција и во женските колекции.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Траги од стрии трансформирани во неверојатни уметнички дела со бои на виножито

Девојка со одлична идеја ги бои трагите од стрии на женското тело во бои на ...

ВИДЕО: Летна разбушавена плетенка – како да ја направете

Разбушавениот спој на две плетенки е идеален избор за вечерното излегување, но и за летните ...

Close