Кралицата даде одобрение, Британија ќе почне да ја напушта ЕУ

Кралицата даде „кралска согласност“ за законот за брегзит, отворајќи ѝ го патот на Тереза Меј да ги почне преговорите за напуштање на Европската Унија.

Добивањето кралска согласност беше последниот формален чекор пред активирањето на Членот 50 за излегување од Унијата.

Законот за (известување за повлекување од) Европската Унија во понеделникот беше усвоен од пратениците и лордовите.

Тој ѝ овозможува на премиерката да го извести Брисел дека Велика Британија ја напушта ЕУ, по што ќе следува двегодишен процес на преговори за излегувањето.

Меј рече дека ќе го активира процесот до крајот на месецов.

Малку веројатно е тоа да се случи следната недела за да се избегне совпаѓање со неформалниот самит на земјите од ЕУ, вели Би-би-би.

Самитот ќе ја одбележи 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, со кој беше формирана Европската економска заедница, која потоа стана Европска Унија.

Секретарот за брегзит Дејвид Дејвис рече: „До крајот на месецов ќе го активираме членот 50, што ќе ни овозможи да ги почнеме преговорите за изградба на нова позитивна соработка со нашите пријатели и соседи во Европската Унија, како и да зачекориме во светот како вистинска Глобална Британија.“

Иако кралската согласност е формална, кралицата може да одбие да ја даде, исто како што претседателот на САД може да стави вето на закон донесен од двата дома на Конгресот. Сепак, кога во денешно време британскиот монарх макар и би навестил дека е можно да ја блокира парламентарната волја со недавање кралска согласност, тоа би ги шокирало парламентот и јавноста.

Последен пат некој британски монарх одбил да даде кралска согласност во 1707, кога кралицата Ана одбила да го одобри „Законот за уредување на милицијата во делот од Велика Британија наречен Шкотска“, чија цел било вооружување на шкотската милиција, од страв дека таа нема да ѝ биде лојална.

Извор: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close