Кривичен суд: Судиите вложуваат напори да донесат одлуки во законскиот рок за предметите на СЈО

Кривичниот суд соопшти дека судиите постапуваат по предлозите на СЈО за определување притвор и мерки за претпазливост за повеќе лица.

Од таму велат дека судиите прават напори да донесат одлуки во законскиот рок.

„Со оглед на големиот број на предлози и лицата опфатени во нив, како и доказниот материјал приложен во предлозите, судиите кои постапуваат во советите вложуваат напорти да донесат одлуки во законски предвидениот рок“, соопшти Кривичниот суд.

Од таму велат дека  кога ќе бидат донесени одлуките за сите предлози, истите треба прво да бидат писмено изработени и доставени до странките во постапката.

Од Судот велат дека неможе да се предвиди колку ќе трае целата процедура, но дека кога ќе заврши, јавноста веднаш ќе биде информирана за донесените одлуки на Кривичните совети.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close