Кривичниот суд одлучува по двата нови обвинителни акти доставени од СЈО

Основниот суд Скопје 1 – Скопје соопшти дека вчеравечер Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) доставило два нови обвинителни акти – едниот поврзан со предметот „Титаник“, а вториот во кој се опфатени предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

– Двата обвинителни акта веќе се распоредени, согласно електронскиот систем за водење предмети, на оценка кај судиите Ивица Стефановски и Горан Бошевски, а со оглед дека во двата предмета до судот доставени се и предлози за определување мерки за обезбедување присуство, предметите се доделени во работа на кривичните совети кои треба да одлучат по истакантите барања, стои во соопштението од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

За сите предмети, како и претходно, јавноста ќе биде информирана откако ќе биде донесена одлука, која ќе биде писмено изработена и доставена до странките во постапката – информираат од Судот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close