Лани добивме помалку магистри и доктори

Во 2016 година звање магистер на науки и специјалист стекнале вкупно 2.021 лице, што е за 17,2 отсто помалку во однос на 2015 година. За 19,9 отсто е помал и бројот на доктори на науки во однос на 2015 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број нови магистри во 2016 година, 1.881 или 93,1 проценти се магистри и 140 или 6,9 проценти се специјалисти, а 58,9 % се жени. Од вкупно 197 кандидати кои одбраниле докторка дисертација, 111 биле жени, односно 56,3 отсто.

Најголем број од магистерските трудови, 63,7 проценти, се од областа на општествените науки, 20,9 отсто од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Во земјава лани докторирале и магистрирале повеќе жени и тоа во четвртата деценија од животот, додека поголем е бројот на мажи – специјалисти, од кои најмногу ја завршиле специјализацијата во одредена област до 29 години.

Од сите доктори на науки кои лани докторирарле во Република Македонија, најголем број од нив својата професија ја вршат во образовната дејност.

Најголем процент од докторираните лица се од областа на општествените науки, 36,5 отсто, а од нив (дури 32,5 отсто) делуваат во образовната дејност. Следуваат медицинските науки (19,3 отсто), хуманистичките науки (18,3 отсто), а останатите докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Поединечно, по професии, најголем е бројот на доктори по економски науки – 31. Следни по бројност се фундаменталните медицински науки – 18 и лингвисти – 14. Во областите на електротехника и компјутерска техника и информатика има по четири доктори на науки.

На битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ магистрирале вкупно 179 студенти, а на скопскиот „Св. Кирил и Методиј“ магистерката работа ја одбраниле 847 студенти. На штипскиот университет „Гоце Делчев“ магистрирале 72 студента, додека на Државниот универзитет во Тетово оваа бројка изнесува 116.

Превземено од: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close