Летна и лесна кус-кус салата

Кус кусот е може да биде одлична варијанта во комбинација со салата, како прилог, но и како главно јадење. Мерките за оваа летна и лесна салата, во случајов се предвидени за 2 порции, а времето на подговка е само 15 минути.

Потребни состојки за салата

2 шолји вода

2 тиквички

2 краставици

4 ливчиња босилек

Потребни состојки за сос

2 лажици лимонов сок

2 мали лажици сенф

1 исечкан лук или кромид

1 лажица масиново масло

8 лажици вода

Начин на подготовка

Загрејте ја водата со еден прстофат сол во неа. Тиквичките прво пресечете ги на половина, а потоа исечкајте ги во форма на полумесечинки. Варете ги 3-4 минути, а потоа оставете да се изладат. Водата во која се правеле тиквичките прелијте ја преку кус кусот, промешајте, а потоа оставете со капак да стои само 5 минути. Откако ќе го отворите капакот дбро измешајте и оставете да се излади.

Краставиците  излупете ги и преполовете ги по должина. Извадете ги семките со помош на лажица, а потоа исечкајте ги  краставицате. На крајот измешајте ги сите планирани состојки заедно и ставете го подготвениот прелив.

Додади коментар

Би те интересирало и

Тајланд: Во чест на кралот 1066 желки пуштени во морето

Стотици луѓе на една тајландска плажа во морето пуштиле 1066 желки. Овој ритуал е дел ...

Џастин Бибер ја прекина светската турнеја

Канадскиот пејач, Џастин Бибер соопшти дека је прекинува својата концертна турнеја „Purpose World Tour“, поради ...

Close