Летото е идеално за…

Се прашувате што можете да направите во овие топли денови и ноќи, без да ви се чини еднолично? Немате идеи како да ги соберете вашите најблиски, како да ги натерате да се забавувате?

Летото е идеално за многу нешта, па дури и кога сте дома, во двор или на тераса.

Искористете ги топлите денови и…

Организирајте пикник, прошетки, планинарење. Избегајте од секојдневната гужва, заедно со неколку вкусни овошни салати и пијалоци за разладување.

Останете во дворот и наполнете шишиња со вода, извлечете неколку црева плус и создадете незаборавна атмосфера за летен ден за разладување. Базените исто така се секогаш добредојдени.

Наполнете едно базенче со кршен лед, ставете неколку лубеници, дињи и неколку шишиња водка. Лудата летна вечер може да започне!

Предложете им на вашите пријатели еден цел ден да се преселат кај вас. Гответе заедно, пијте го секое кафе заедно, одморете, пуштете некоја комедија. Сето тоа под клима? Идеално!

Излегувајте рано наутро и гледајте го изгрејсонцето. Во вечерите кога нема да се журкате, легнете порано и наместете го алармот пред 5 часот. Одете до најблиското ритче, планина или местото кое што има неверојатен поглед.

Дегустирајте сладоледи и ледени слатки. Ослободете се од грижата за вишокот килограми барем на неколку часа и уживајте во омилените вкусови, ама буквално додека имате место. Уште подобро е ако имате време сами да ги подготвите.

Уживајте во летниот дожд секогаш кога можете. Не ги откажувајте забавите само заради дождот. Тој може да ги зачини работите и да ги направи незаборавни.

Кампувајте во дворот со вашата сакана половина. Тоа е искуство кое никогаш нема да го заборавите, без разлика дали сте во дворот или на некоја висока планина.

Одвојте еден ден и создадете нешто креативно во вашиот двор. Сошијте убава лежалка, закачете некоја домашно направена лулашка или пак едноставно изнесете удобно столче и уживајте во омилената книга и коктел.

Додади коментар

Би те интересирало и

Што е coffee nap, новиот необичен ритуал за поголема енергија во денот?

Брзиот начин на живот нé тера постојано да бараме трикови кои ќе нé држат будни ...

Мис Адриатик 2017 е Македонката Ива Михајловска

Во туристичкото место Рогозница во Хрватска се одржа традиционалниот избор Мис Адриатик 2017 година. Меѓу ...

Close