Лицата со посебни потреби од Порака Неготино учествуваа на летниот камп 2017

Дневниот центар за лица со посебни потреби “Порака” од Неготино, редовно добива помош од Воената академија и АРМ,а соработката продолжи и за време на летниот камп 2017. Кампот беше организиран деновиве од нивна страна во Пепелиште а на истиот зедоа учество претставници од 12 земји , соопшти раководителот Валентина Тасева.

Тасева посочи дека питомците и студентите од Воената академија на корисниците на Дневниот центар им донирале и пластични шишиња, кои тие подоцна ќе ги подготват за рециклажа и ќе ги продадат.

Дневниот Центар на ПОРАКА Неготино е сервис за поддршка на лицата со пречки во менталниот развој кои живеат кај своите родители и поддршка на лица опфатени со процесот на деинституционализација кои живеат во заедниците во Службата за домување во Неготино и Демир Капија. Околу 50 лица со пречки во менталниот развој ги користат услугите на Дневниот Центар.

За Канал 77 од Неготино,Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close