Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март

Британската Влада на 29 март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што практично ќе почне процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, соопшти денеска Даунинг стрит 10.

„Постојаниот британски претставник  во Брисел утрово ја информира ЕУ дека на 29 март Велика Британија ќе го активира членот 50“, изјави претставник на Кабинетот на британската премиерка, Тереза Меј.

Стартувањето на процесот за Брезит беше можно откако на 16 март кралицата Елизабета Втора формално го одобри Законот за процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, што преходно беше усвоен од двата дом на британскиот Парламент.

Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Берков, по одобрувањето на Законот од страна на кралицата, потврди дека Меј може да ги почне преговорите за Брегзит во „кое било време“.  Во исто време, портпаролот на Даунинг Стрит 10 денеска соопшти и дека засега Владата не планира распишување предвремени парламентарни избори.

Додади коментар

Би те интересирало и

Меркел: Германските власти нема да толерираат мешање однадвор во предизборниот натпревар

Германската Влада нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, изјави синоќа канцеларката, Ангела ...

Турцијa: Приведени петмина борци на ИД кои планирале напад во Истанбул

Турските безбедносни сили приведоа петмина борци од терористичката групација „Исламска држава“, кои планирале да извршат ...

Close