Лохти се враќа на натпреварите

Американскиот пливач, Рајан Лохти ќе се врати на натпреварите по десетмесечна суспензија поради непримерно однесување на Олимпијадата во Рио Де Жанеиро 2016 година.

Шесткратниот освојувач на златни медали на Олимписките игри ќе учествува на натпреварување во Лос Анџелес на трки на 50 и 100 метри слободен стил и на 200 метри мешано.

Поради суспензијата Лохти го пропушти Светското првенство во Будимпешта. Нековата казна истече на 30 јуни, а му беше изречена по лажната пријава дека заедно со тројца репрезентативни колеги на 15 август 2016 биле ограбени во такси од ограбувачи кои носеле оружје и имале полициски значки.

Бразилската полиција по три дена откри дека пријавата била лажна и дека Лохти и неговите колеги во времето на наводниот грабеж, биле во друг објект во алкохолизирана состојба и кршеле дел од инвентарот, за што подоцна ја платиле штетата.

По враќањето во САД, Лохти изјави дека ја преувеличил целата приказна.

Додади коментар

Би те интересирало и

Масовна евакуација поради пожарите во Франција

Над 10.000 луѓе се евакуирани поради пожарите што ја зафатија југоисточна Франција, соопштија властите. Стотици ...

Претседателот на ОАД планира да ја изведе Венецуела пред Меѓународниот кривичен суд

Претседателот на Организацијата на американските држави, Луис Алмарго изјави дека планира да ја изведе Венецуела ...

Close