Македонија и официјално е извозник на говедско месо во ЕУ

­

Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија – соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.

­„Од 7 март, кога Македонија е и официјално ставена на листата, нашите компании од месната индустрија и кланиците може да извезуваат говедско не само во земјите на ЕУ, туку и во трети земји. Ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот“, истакна Поповски.

Според него, веќе има странски компании кои се заинтересирани за влез во примарното производство. ­

„Бројот на говеда во земјава се зголемува. Се’ увезуваат се повеќе високопродуктивни млечни раси, а ова е можност да се зголемат и висококвалитетните товни раси. Потенцијалот е огромен“, потенцира Поповски.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој изјави дека во Македонија не се намалува ниту бројот на живина, а фармите ги задоволуваат и домашните потреби за свежо свинско месо.

Од јануари годинава Македонија е ставена и на листата за извоз на конзумни јајца, живина, живинско месо и риби на пазарите во ЕУ. Почната е постапка и за извоз на производи од риба, додека за извоз на свинско месо и производи од свинско е неоопходно земјава да добие статус на слободна од болеста класична свинска чума и да ја прекине политиката на вакцинација на свињите против оваа болест.

Додади коментар

Би те интересирало и

Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите ...

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Close