Манчевски: На Хан нема што да му кажеме, а што тој веќе не го знае

Консултациите помеѓу СДСМ и партии кои што ги дадоа своите потписи за мандатар на новата да биде Зоран Заев се сеуште во тек, и утре, а најдоцна до вторник треба да биде познато кој ќе биде предлогот за нов претседател на Собранието, вели потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.

 


– Верувам дека до почетокот на консултатината седница, односно состанокот за кооридинација на Собранието ќе го имаме постигнао и овој договор. Неколку варијанти се во игра, за кои сакаме да се одлучиме откако ќе видиме што всушност е вистинсксата намера од ова неодговорно и крајно безобразно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски – вели Манчевски.

Во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека со иницијативата за свикување на собраниска седница за избор на претседател се реализира платформата на албанските партии, Маневски вели дека за СДСМ повеќе не постои „Тиранска платформа“, не постои повеќе ниту програма на СДСМ, туку постои предлог програма за влада и дека Утставот и унитарниот карактер на државата не се во опасност. Се друго, додава тој, се шпекулации кои се дел од црната и негативна кампања на Никола Груевски.

Прашан дали е можно одолговлекување на седницата на Собранието, тој вели дека со ВМРО-ДПМНЕ е се можно.

– Подготвени сме на сè и подготвен сме да ги пресретнеме сите тие мрачни сценарија да не се случат. Се надевам дека разумот ќе надвладе и кај нив и ќе дозволат она што е основен демократски принцип, мнозинството во Собранието да може да ја формира владата. Верувам дека нашите граѓани ќе бидат доволно силни, мудри и спокојни да ова го направиме на мирен начин – вели Манчевски.

Манчевски вели дека СДСМ заедно со другите партнери се подготвени и во случај претседателот Ѓорге Иванов да не се премисли и повторно да одбие да го даде мандатот на Заев за состав на влада.

– И ова е едно сценарио кое што лебди во воздухот подолг временски период. Ние како СДСМ и заедно со другите партнери сме пдоготвени за ова сценарио. Сепак, она што ќе го каже Иванов и неговиот ментор Груевски воопшто не значи дека тоа е така. Се што кажаа во претходните две години испадна обратно – вели потпретседателот на СДСМ.

За тоа дали СДСМ, како и ВМРО-ДПМНЕ, ќе испорача некакви барања до еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, кој во вторник доаѓа во Македонија, Манчевски вели дека тие како партија нема да кажат ништо што досега не го кажале.

– Имаме јасно изразена волја од мнозинството граѓани и мнозинството во Собранието треба да ја формира новата влада. Не треба ние ништо да им кажеме на нив на Европската Унија, самата ЕУ во последниот извештај ја категоризираше Македонија како заробена држава. Македонија се ослободи на минатите избори, а сега е во заложништво, само на еден единствен човек, а тоа е Никола Груевски. Многу бргу ќе дојде денот кога ќе се состане Собрането, ќе се избере претседател на Собранието и Македонија ќе добие нова демократска влада – заклучува Манчевски.

 

Преземено од Мета

Додади коментар

Би те интересирало и

Денеска се одржува 31 -то издание на Охридскиот пливачки маратон

Денеска во Охрид се одржува 31. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Настанот почнува во 12 ...

Половина час мештаните од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце

Половина час мештаниите од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце, револтирани ...

Close