Марадона барал ригорозна казна за Меси?

Аргентина се соочува со сериозни проблеми во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, на четири кола до крајот се наоѓа на местото кое во до во баражаот, а голем проблем за „гаучосите“ преставува фактот дека три под последните четири натпревари ќе ги играат без суспендираниот Лионел Меси.

Најдобриот аргентински фудбалер вербално го нападна судијата по натпреварот со Чиле, поради што ФИФА реши да му оненвозможи да настапи на четири натпревари.

Поради тоа Меси не можеше да игра во Боливија, вов торникот, каде Аргентина беше поразен со 2:0.

Меси поради суспензијата ќе го пропушти гостувањето на Аргентина во Уругвај (31.август), односно домашните натпревари против Венецуела (5.септември) и Перу (5.октомври). Право на настап ќе има на последниот меч на 10.октомври во Еквадор.

По повод суспензијата која му е изречена на Меси, аргентинските медиуми објавија дека клучна улога имал Диего Армандо Марадона, кој работи како висок советник во ФИФА.

Новонарот Гонса Ступененго објави дека Марадона барал остра казна за сонародникот.

„Разговарав со еден човек кој работи во ФИФА и тој ми потврди дека Марадона барал поригоразна казна за Меси“, напишал новинарот на Твитер.

„Суспензијата на Меси? Немам врска со тоа и не знам воопшто кој беше овластен да ја одреди казната“, рекол најдобриот Аргентинец во историјата, Диего Марадона.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close