Маршот за правда не му дава мир на Ердоган

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ја обвини главната турска опозициска Републиканска партија (ПП) за престројување на страната на тероризмот, откако тринеделниот “Марш за правда” на оваа партија се приближува кон крајната точка – Истанбул, од каде што е далеку уште околу 150 километри, пренесува АФП

Агенцијата наведува дека некои аналитичари патувањето пеш на маршот долг 450 километри од Анкара до Истанбул, што го предводи лидерот Кемал Килиџџроглу, го сметаат голем предизвик за Ердоган, кој го третира со потсмев.

Учесниците на маршот, кои тој ги нарече како поддржувачи на Ѓулен, како причини за протестот ги наведуваат одењето во авторитаризам, злуупотребата на вонредната состојба од страна на властите, апсењето на новинари, судии и други интелектуалци во масовен размер, стотици илјадници, притисок врз дисидентите па и неприфачање на законот за пензионирање. Организаторите на маршот очекуваат тој да кулминира во Истанбул и да им се приклучат уште многу поддржувачи.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Масовна евакуација поради пожарите во Франција

Над 10.000 луѓе се евакуирани поради пожарите што ја зафатија југоисточна Франција, соопштија властите. Стотици ...

Претседателот на ОАД планира да ја изведе Венецуела пред Меѓународниот кривичен суд

Претседателот на Организацијата на американските држави, Луис Алмарго изјави дека планира да ја изведе Венецуела ...

Close