Мајките во Индија не ги казнуваат децата

Родителите во Индија не веруваат во казни и викање по децата, бидејќи сметаат дека тоа не помага при нивното растење.

Дури и најбезобразните и најнемирните деца во Индија избегнуваат казни, но сепак постои многу добра причина за таквата одлука на родителите.

Ова се најважните работи кои ги одликуваат добрите родители во Индија:

Метод на добрина

Децата во Индија од раѓање ги учат да бидат добри кон секое живо суштетства.

Трпението е од клучно значење и се смета за доблест. Од друга страна, покажувањето на емоции и нервоза се сметаат за пороци.

Контролирани информации

Родителите главно им бранат на децата да гледаат телевизија, освен ако се во прашање емисии кои се однесуваат на уметност и образование.

Овој пристап денес е посебно важен кога телевизијата може негативно да влијае на психата на децата, па дури и да биде опасна.

Доблестите се на прво место

Индијките се посебно внимателни кога се во прашање доблестите и децата ги учат на правилни работи. Откако детето ќе наполни 10 години, не смее повеќе да си игра со храната.

Поставување добар пример

Родителите во Индија знаат дека нивните навики ја обликуваат личноста во која детето ќе порасне.

Поради тоа не ги караат, туку со свој пример покажуваат како треба да се прават нештата.

Блиска врска

Докторите во Индија им препорачуваат на мајките да спијат со децата за да создадат врска и бебето да биде мирно.

Ако бебето е нервозно, мајката веднаш може да го земе во своја прегратка.

Размислување

Децата се учат отворено да зборуваат за своите мисли и да дискутираат за нив со другите, на овој начин можат да откријат одреден скриен потенцијал.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ново истражување: Од самиот мирис на храната се зголемува телесната тежина

Нова студија од Универзитетот Калифорнија во Беркли утврди дека мирисот на храна пред самото конзумирање ...

Како да се ослободите од стресот?

Сите се сретнуваме со стрес секој ден. Практично стресот е неизбежен дел на животот. Го ...

Close