Мемети: Во затворот во Идризово владее корупција – осудениците спијат на кревети без душек

Народниот правобранител, Иџет Мемети денеска на прес-конференција, презентирајќи го годишниот извештај рече дека состојбите во затворот се крајно понижувачки и дека во крајно нехумани, нечовечки и деградирачки услови живеат осудениците во затворот Идризово.

„Во затворот се сместени 1966 лица, што е дупло повеќе од капацитетите. Во страшна состојба се и приемното и амбулантното одделение. Во приемното одделение нема прозори и кревети, а во амбулантното одделение болните спијат на кревети без душек. Бактерии и вируси демнат од сите страни” , рече Мемети.

Правобранителот соопшти дека во затворот владее корупција и дека со пари затворениците можат да купат мобилни телефони, кревети, други подобности и дрога. Мемети додаде дека посета извршиле и во 8 полициски станици од кои само една ги исполнувала минималните услови. Во овој извештај се направени вкупно 50 посети од кои 4 во казнено поправни установи, 8 во полициски станици, 1 во заводот во Демир Капија и 37 во центрите за згрижување бегалци.

Посетите ги правеле лица ангажирани со договор на дело, затоа што Македонија немала Национален превентивен механизам. Ангажирани биле криминолози, психолог и психијатар, правници, социјални работници и медицинска сестра.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close