Мемети се надева дека новата влада ќе има слух за решавање на проблемите со кои се соочува неговата институција

Народниот правобранител, Иџет Мемети е задоволен од решавањето на предметите најчесто за прекршување на човековите права, кои до него пристигнуваат од граѓаните. Но тој искажа загриженост што и по толку години, не успеал неговите препораки за надминување на лошата состојба во македонскиот систем да бидат земени во предвид од државните институции.

Тој истакна дека институцијата Народен правобранител се’ уште се соочува со финансиски проблеми и недостиг на кадри. Се надева дека новата влада ќе има слух за решавање на овие недостатоци.

Народниот правобранител, изјавата ја даде за време на дебатата насловена како Омбдусманот меѓу граѓаните и институциите, која денеска се одржа во Тетово.

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close