Млад скопјанец со бекатон плочка усмртил сограѓанин?

Деветнаесетгодишниот скопјанец, М.З. заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка „одземен пасош и да се пријавува секој ден во полициска станица“.

На први месецов,  околу 00.15 часот педесет и двегодишниот скопјанец, С.Сдодека се движел пеш по тротоарот од бул.„Св.Климент Охридски“, бил удрен со едно бекатонско парче во тилот од страна на пријавеното лице, кое управувало велосипед.  Од ударот С.С. паднал на тротоарот и останал да лежи, каде бил пронајден од припадник на Единица Алфа – соопшти денеска МВР.

Додади коментар

Би те интересирало и

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Во пожар изгоре напуштена куќа во Желино

  Пожар што вчера околу 15 часот и 20 минути избувнал во стара, напуштена куќа ...

Close