Можеби ќе свратиме до Куба откако ќе се справиме со Иран, изјави Трамп

Фото: Видео принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „САД можеби ќе свратат во Куба“ откако ќе „се справат со Иран“.

Тој им изјавил на новинарите дека многу американски граѓани со кубанско потекло биле „третирани многу лошо“ и дека многумина од нивните семејства биле убиени или претепани, пренесе БТА.

– Куба е неуспешна држава – рече Трамп, додавајќи дека на карипскиот остров „ужасно владеел многу години“ комунистичкиот револуционер Фидел Кастро.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел вчера го предупреди Вашингтон да не го ескалира конфликтот меѓу двете земји во воена конфронтација.

– Ако тоа се случи, ќе има борби – рече Дијаз-Канел, додавајќи дека земјата не сака војна.

Трамп во неколку наврати се закани дека ќе преземе построги мерки против Куба и отворено зборуваше за можноста за „преземање“ на островот.

Во март, Куба потврди дека води разговори со САД со цел да ги намали тензиите во односите.МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ