Моќна порака во зборовите Дина Јашари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Моќна порака во зборовите Дина Јашари

Музичката приказна на Дина Јашари, по видеото за “Последна Минута”,  продолжува со „Зборови“.

Ова убаво парче музика таа би го дефинирала како искрено, а публиката го дефинира како нешто посебно убаво.

Автори на „Зборови“ се  Дина Јашари и Драги Иванов, кој се потпишува и на продукцијата, снимањето и миксот и мастерингот на песната.

Видеоспотот е во режија на Милена Манева и Ведран Манев, а снимањето и монтажата се на Били Дурмишовски и Горан Симјаноски.

„Напразно кажани зборови се тотално непотребни во моменти кога само ти треба некој да те ислуша. Ова беше водечка мисла при создавањето на песната. Многу често знаеме да се најдеме во ситуации каде сакаме да му помогнеме некому, да охрабриме и утешиме, а всушност сè што треба да направиме е само да бидеме тука за личноста и да молчиме.“ –изјави Јашари за Канал 77.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background