Мурињо на шопинг во Хрватска

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо долета денеска во Загреб со цел лично да го убеди Иван Перишиќ да се пресели на Олд Трафорд.

Како што пренесе Јутарни лист, Португалецот сака да се види во четири очи со Иван Перишиќ, а наводно во трансферот ќе посредува Предраг Мијатовиќ.

Мурињо е голем фан на Перишиќ, а контроверзниот Португалец стигна во Загреб со цел да ја победи конкуренцијата, конкретно Челси и Ливерпул кои исто така го сакаат во своите редови, пренесува овој извор.

Мурињо ќе има сигурно шанса да се сретне со Перишиќ кој нема да биде во протоколот поради суспензија, но тој не е едиствен кој се наоѓа во тефтерот на Португалецот.

Истиот извор тврди дека Марсело Брозовиќ е исто така желба на менаџерот на Јунајтед и дека сака лично да го види на мечот со Украина.

Наводно, Мурињо за Перишиќ е спремен да плати 40 милиони евра, а останува да видиме што ќе се случи после денешниот состанок.

 

Преземено од: Суперспорт

Додади коментар

Би те интересирало и

(Видео) Гол за паметење на Реал: 44 додавања, 107 секунди и сите 11 играчи вклучени во иста акција!

Реал Мадрид на импресивен начин ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но она што ...

(Видео) Конечно воздишки на „Камп Ноу“: Семедо со страшен трик ја фрли публиката во делириум, искусниот Хоакин не знаеше каде е топката

Нелсон Семедо допрва ќе треба да покаже за каков калибар на фудбалер станува збор, но ...

Close