Надал влегува во одбраното друштво: Шпанецот слави голем јубилеј

Седмиот играч на АТП листата, Рафаел Надал, моментално настапува на Мајами Опен, турнирот на кој никогаш не триумфирал – пишува порталот Спортклуб.

По сигурната победа над Израелецот Дуеи Село, Рафа во третата рунда ќе вкрсти со Колшрајбер. Тоа за Надал ќе биде јубилејниот илјадити меч на АТП турнирите.

„Кога ќе дојдеш до таа бројка, тоа значи дека веќе си долго тука и имаш долга кариера. Среќен сум и мотивиран да продолжам да напредувам“, истакна Рафа.

Шпанскиот тенисер истакна меѓудругото и дека не размислува за повлекување.

„Не знам што се пишува, не се грижам за тоа, јас ќе ослучам кога ќе дојде вистински момент за повлекување, а не некоја личност пред компјутерот“, додаде Надал.

„Исто важи и за Федерер. Има добри и лоши сезони и невозможно е да биде совршено во тек од 15 години. И Федерер и јас ќе играме додека сме среќни и додека ни е задоволство да патуваме и бидеме на турнирите“, се надоврза Шпанецот.

Надал во кариерата забелаж 821 победи и 178 порази. Освоил досега 69 титули, од тие 14 на најголемите турнири. Оваа сезона запиша 19 настапи и 15 триумфи. Тој досега одиграл на четири финалиња на Мастерсот во Мајами, но секогаш останувал со поткусени ракави.

 

Извор: www.sportclub.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Плишкова игра како број 1

Првата носителка во Синсинати и светска тенисерка број 1, Каролина Плишкова имаше две победи за ...

Охрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Охридскиот пливачки маратон, трет во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) ќе се ...

Close