Нападнат полицаец во Крива Паланка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 24- годишниот А.В од село Конопница за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот закон. Според информациите на 02.овој месец, околу 01,30 часот, на ул. „Свети Јоаким Осоговски“, при интервенција на полициски службеници поради претходно нарушен јавен ред и мир, пријавениот физички нападнал полициски службеник, удирајќи го со двете тупаници 4 пати во пределот на градите.

Од очевидци дознаваме дека,причина за напад врз полицаецот била претходна расправија и тепачка меѓу млади од Крива Паланка. Ноќта на втори јули час и половина по полноќ,три момчиња во алкохолизирана состојба неправилно го паркирале автомобилот при што на момче и девојка кои исто така се паркирале до нив им го блокирале излезот.По ова, девојката што била во другиот автомобил му рекла на едно од момчињата да ја тргне колата за да може да излезе, едно од момчињата,најверојатно испровоцирано од алкохолот, излегло и ја удрило девојката.Момчето со кое била во автомобилот веднаш излегло и тргнало кон нив,најпрво почнале да се расправаат а потоа започнала и силна тепачка.

Веднаш интервенирала полицијата да ги раздвои, по што трите момчиња почнале да ги навредуваат со најпогрдни зборови двајцата полицајци,да ги псујат и да им се закануваат,и во еден момент А.В од кривопаланечкото село Конопница,во бес со двете тупаници го удрил еден од полицајците четири пати во градите. На помош пристигнале уште четворица нивни колеги,при што двајца од напаѓачите биле приведени и ноќта ја поминале во полиција. Трите момчиња за неодговорното и брутално однесување врз полициските службеници добија пријави, едниот за физички напад врз полицаец,и другите двајца за вербални навреди односно учество во тепачка.

За Канал 77 од Крива Паланка,Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Две лица загинаа и 120 се повредени во силен земјотрес во Егејското Море

Две лица загинаа, а најмалку 120 се повредени во силен земјотрес што ги погоди грчките ...

Отворена постапка и определен притвор за разбојникот во аптеките

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, ...

Close