НАСА ги сними пожарите во Хрватска и Црна Гора (фото)

Пожарите што ги погодија хрватска Далмација и Црна Гора во изминатите денови предизвикаа толкаво количество чад што можело да се види од вселената.

Еден од сателитите на НАСА го снимил јадрансмиот брег, а на фотографијата можат да се видат три големи траги од чад како се движат кон југозапад, кон брегот на Италија, но и активни жаришта кои се означени со црвена боја.

Глетката е снимена вчера во моментите кога гореле пожарите крај Бенковац и Вранското Езеро, од каде се крева горната трага од чад, додека пониската и поголема трага е од пожарот во сплитскиот регион.

Во исто време во Црна Гора горело во близина на природиот резерват Солила во Тиватскиот Залив.

Превземено од: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

СПЦ забрани Македонија да го прослави Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“

Патријархот Иринеј и Српската православна црква го отфрлиле барањето на македонскиот премиер Зоран Заев и ...

Почнува судски процес против новинари од турскиот весник „Џумхуриет“

Новинари од турскиот весник Џумхуриет, критички настроен кон претседателот Реџеп Таип Ердоган, ќе бидат изведени ...

Close