Најмалку девет загинати во турканица на фудбалски натпревар во Сенегал

Најмалку девет лица загинаа, а околу 40 се сериозно повредени вчера во турканица на стадионот Демпа Диоп во главниот град на Сенегал, Дакар, на кој се играше финалниот натпревар на Лига купот.

Навивачите на тимовите УС Оукам и Стаде де Мбоур се судирија едни со други, а интервенираше полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.

Гледачите на натпреварот во паника се упатила кон излезите, а дел од трибните се урнале, што доведе до несреќата.

Претседателот на Сенегал, Маки Сал објави на Твитер дека оние кои стојат зад трагедијата ќе бидат казнети.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Масовна евакуација поради пожарите во Франција

Над 10.000 луѓе се евакуирани поради пожарите што ја зафатија југоисточна Франција, соопштија властите. Стотици ...

Претседателот на ОАД планира да ја изведе Венецуела пред Меѓународниот кривичен суд

Претседателот на Организацијата на американските држави, Луис Алмарго изјави дека планира да ја изведе Венецуела ...

Close