На денот на изборите во 2014 година УБК се гоштевала со 50.000 денари

За време на првиот круг претседателски избори кои се одржаа на 13 април 2014 година челниците на УБК јаделе и пиеле со 50 илјади денари народски пари. На овие избори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов водеше пред Стево Пендаровски кој беше предложен за претседател како кандидат на СДСМ.

Директорите и началниците од УБК за време на изборите вечерале во „Микеи хантинг клуб“. Нарачувале мастика, ракија и вина Камник. За она што го испиле на денот на изборите УБК ги задолжила граѓаните 25.160 денари, додека за вечерата која била специјална нарачка од кујната се потрошиле 25. 250 граѓански пари.

За нерегуларности во овој круг на избори обвинија од опозицијата, од МОСТВ, но и од Меѓународните набљудувачки мисии. Зоран Заев, лидерот на тогашната опозиција обвини дека  власта, преку системска кражба на гласови во деновите пред и на денот на изборите ја спречила волјата на граѓаните.

Во очи на настаните во Куманово во  23 часот од УБК потпишале фактура на  28.280 денари во ресторанот „А-Ми“ во Градскиот парк. Пиеле вина, а вечерале морски плодови и риба.

Во 13.57 часот на  9 мај 2015 година кога се случуваше полициската акција во Диво Насеље, Бирото за јавна безбедност ручало во ресторанот „Латераца“. Ручале морски плодови, лосос на скара, салата од рукола и пармезан и пастрмајлија.

Трошоците од службените картички допрва ќе се анализираат

Тони Јакимовски – шефот на кабинетот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков со свои гости од 2008 година до неговото разрешување за репрезентација потрошил 38. 827 евра, Гордана Јанкулоска 21.466 евра. Исто толку потрошил и Митко Чавков од 2013 до 2017 година. Како што нагласија на брифингот во Министерството, овие трошоци се само од службените картички. Како што нагласија од МВР трошоците од службените картички допрва ќе треба да се разгледуваат и анализираат.

Вакви картички поседуваат министрите и нивните заменици, директорите на БЈБ и УБК и државните секретари.

Пред неколку недели на Владата се донел заклучок да се објават сите трошоци од службените картици и фактурите, но и да се подготви нов правилник кој ќе утврди кои трошоци смеат, а кои не смеат да се признаат како репрезентативни трошоци.

Како што брифираа од министерството, во овие сметки има индиции дека е направена злоупотреба на службена должност, но за тоа допрва ќе треба да се отвораат истраги.

Најмногу пари трошеле од  УБК

Милион ипол евра потрошиле Бирото за јавна безбедност, Секторите за внатрешни работи, Регионалните центри за гранични работи, Центарот за обука, Управата за безбедност и контраразузнавање и администрацијата од 2011 до 2016 година за репрезентативни трошоци. Овие пари се само од фактурите кои биле доставени до Министерството за внатрешни работи и тука не се вклучени трошоците направени од службените картички.
Од сите години за кои денеска на брифинг информираа од МВР, најмногу пари се потрошени во 2011 година – 517.833 евра, а најмалку во 2016 година – 84.373 евра.

БЈБ и УБК трошеле најмногу пари, за сите години од нивните фактури се собираат нешто повеќе од милион евра. Сепак, најмногу пари потрошиле од УБК – 563.710 евра.

Од сметките може да се види и дека како и другите функционери од владата на ВМРО-ДПМНЕ,  поранешните директори на БЈБ и УБК и ексминистерката за внатрешни работи сакале да се гоштеваат со морска храна и специјалитети од риба, коњско месо, бизон, елен, равиоли со фазан и други специјалитети од диво и коњско месо. За шише вино плаќале и по 4.500 денари.

Извор: НоваТВ

Додади коментар

Би те интересирало и

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи oд дожд ...

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Close