На Клиниката за пулмологија за една минута ќе се вадат тумори на дишното стебло – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

На Клиниката за пулмологија за една минута ќе се вадат тумори на дишното стебло

Неколкумина специјалисти на Клиниката за пулмологија во Скопје ќе отстрануваат тумори од белите дробови без класична операција и без крварење. Ова го најави директорот на Клиниката, Дејан Докик кој вели дека се работи за интервенција што трае околу една минута, и која најверојатно ќе почне да се применува од следниот месец.

Според него, специјалистите кои ќе ја изведуваат оваа интервенција веќе биле на обуки во Детроит и Хамбруг, а денеска во Скопје ја имаа крајната едукација со претставници на Истражувачкиот центар Ербе – електромедицина.

Тој рече дека очекуваат да имаат повеќе од 50 до 100 пациенти годишно не само од Македонија, туку и од соседните земји.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background