На Хјустон не му помогна ниту „трипл-дабл“ ефектот на Харден

Њу Орлеанс синоќа не можеше да смета на својот најдобар играч ДеМаркус Казинс, но и покрај хендикепот, славеше на домашен терен против фаворизираниот Хјустон со 128-112.

На гостите од Хјустон не им помогна ниту фантастичното издание на Џејмс Харден, кој запиша нов „трипл-дабл“. Популарниот Брада мечот го заврши со 41 поен, 14 скока и 11 асистенции. Пеликанси до победата ги носеше Соломон Хил со 30 поени, седум асистенции и шест скока. Одличен беше и Ентони Дејвис со 24 поени и 15 скока.

Вашингтон на домашен терен славеше против Чикаго со 112-107. Бредли Бил за домаќинот постигна 24 поени, додека Џон Вол постигна 14 поени и подели рекордни 20 асистенции. Кај Булси се издвои Џими Батлер со 28 поени и по пет скока и асистенции.

Мајами ја запиша и седмата едноподруго победа на домашен паркет. Последна нивна жртва беше Минесота која загуби со 123-105. Во победничкиот тим се истакнаа Тајлер Џонсон и Хасан Вајтсајд со по 23 поени. Горан Драгиќ забележа 19 поени и 10 асистенции. Карл-Ентони Таунс за гостите постигна 31 поен и дополни со 11 скока.

Во останатите дуели Бруклин загуби од Бостон со 95-98, Детроит загуби од Торонто со 75-87, Орландо на гости славеше против Феникс со 109-103, а Милвоки на гостински терен беше подобар од ЛА Лејкерс со 103-107.

Извор: Екипа

Додади коментар

Би те интересирало и

Традиионален турнир во улична кошарка по шести пат во Росоман

Традиционален турнир во улична кошарка по шести пат се реализира во Росоман. Организатор на натпреварувањето ...

Новата сезона во НБА почнува на 17 октомври

Шампионот Голден Стејт на домашен терен ќе игра со Хјустон, додека Кливленд ќе го пречека ...

Close