НБРМ воведува електронско банкарство

Народната банка на Република Македонија воведува електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи.

Целта на ваквата услуга е да ги зголеми квалитетот и ефикасноста на услугите, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции – велат од НБРМ.

-За промоција и запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во рамки на Народната банка беа организирани презентации, на коишто присуствуваа околу 260 претставници од над 90 државни институции од централната и локалната власт. Учесниците на презентациите беа запознаени со функционалностите на системот кој овозможува побрз проток на документи и информации преку електронско доставување на налози за плаќање кон странство, електронско известување за пристигнати приливи, како и електронско доставување на барања за подигање и враќање на готовина –  информираат од Кабинетот на гувернерот на НБРМ.

Новата услуга на Народната банка ќе биде достапна од април 2017 година, а истата нуди и поповолни надоместоци за електронски доставените налози во однос на хартиените налози.

Со реализацијата на овој проект, се истакнува во соопштението, Народната банка ја потврдува заложбата за дигитализација на домашната економија како стратешка определба на Република Македонија за приближување кон Европската Унија во оваа област.

Додади коментар

Би те интересирало и

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Се’ помалку печалбари одлучуваат да го посетат полошкиот регион

Печалбарите дојдени во полошкиот регион вообичаена и оваа година ја раздвиживаат економијата со трошење на ...

Close