Невремето „Деби“ беснее во Австралија

Проследен со силен дожд, циклонот „Деби“ го погоди североисточниот дел од Австралија, илјадници луѓе се евакуирани. Во сојузната држава Квинсленд брзината на ветрот достигнува до 270 километри на час. Илјадници луѓе, вклучително и туристи, се евакуирани откако моќниот циклон „Деби“ почна да се приближува кон североисточниот дел на Австралија. Утрово циклонот ја достигна сојузната држава Квинсленд, каде ветрот достигна брзина од 270 километри на час, како што соопшти австралиската служба за метеорологија. Циклонот е рангиран во четврта категорија на скалата од пет категории.

Поради невремето, околу 30.000 домаќинства во Квинсленд останаа без електрична енергија. Многу граѓани во крајбрежниот регион цела ноќ ги заштитуваа своите куќи, градејќи насипи од вреќи полни со песок.

Жителите се предупредени да се подготват за најлошото невреме по она што ја погоди австралиската држава Квинсленд, кога циклонот „Јаси“ во 2011 година уништи голем број куќи и земјоделски посеви.

Извор: DW

Додади коментар

Би те интересирало и

Меркел: Германските власти нема да толерираат мешање однадвор во предизборниот натпревар

Германската Влада нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, изјави синоќа канцеларката, Ангела ...

Турцијa: Приведени петмина борци на ИД кои планирале напад во Истанбул

Турските безбедносни сили приведоа петмина борци од терористичката групација „Исламска држава“, кои планирале да извршат ...

Close