Неколку жртви во вооружен инцидент во Ерусалим

Тројца напаѓачи пукале од огнено оружје во Ерусалим, недалеку од светите места во Стариот град. Во инцидентот биле ранети тројца Израелци, а двајца од нив се наоѓаат во критична состојба. Израелската полиција соопшти дека напаѓачите се убиени.

Военото радио објави дека вооружениот инцидент се случил крај местото кое Евреите го нарекуваат Брег на храмот, додека Муслиманите го нарекуваат Плато на џамиите. Таму се наоѓа џамијата ал-Акса третото најсвето место на Исламот и Куполата во карпа од 7 век.

Полицијата објави дека безбедносните сили ги убиле тројцата напаѓачи.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Две лица загинаа и 120 се повредени во силен земјотрес во Егејското Море

Две лица загинаа, а најмалку 120 се повредени во силен земјотрес што ги погоди грчките ...

Отворена постапка и определен притвор за разбојникот во аптеките

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, ...

Close