Неколку исчезнати лица во денешниот билтен на МВР: Мајка со две деца, но и две тинејџерки

Две тинејџерки, но и мајка со своите две малолетни деца се водат за исчезнати, според денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека дваесет и седумгодишната, К.Д. од скопското село Кучевиште заедно со своите две малолетни деца на возраст од девет и шест години завчера попладне се оддалечила од дома во непознат правец. Случајот во полициската станица Мирковсц, вчера претпладне го пријавил нејзиниот сопруг, К.М.

Во меѓувреме во струмичката полициска станица се јавила триесет и деветгодишната, В.Б од село Баница, која пријавила дека е исчезната нејзината тринаесетгодишна ќерка. Според пријавата, тинејџерката вчера утрото се оддалечила од дома во непознат правец.

Само три години постара е девојката од Тетово, за која МВР денеска информира дека исто така е исчезната. Имено, утрово околу 4 часот по полноќ во тетовската полициска станица, четириесет и шестгодишната С.Б. пријавила дека пред два дена околу 18.00 часот од дома во непознат правец се оддалечила нејзината малолетна ќерка.

Од МВР соопштуваат дека веќе преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close