Неколку предлози за здрав појадок – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Неколку предлози за здрав појадок

Во продолжение ќе пронајдете два предлога за оригинален појадок. Доколку денес веќе сте појадувале, тогаш утрешниот ден е вистинското време за да ги испробате овие два рецепти. Започнете го денот со здрав и лесен појадок!

Појадок во тегла

Навечер, пред да одите во кревет, измешајте неколку состојки во некоја тегла, а наутро кога ќе се разбудите ќе имате веќе подготвен појадок.

Processed with VSCOcam with hb1 preset

Најпрво подгответе ја основата, на тој начин што во теглата ќе ставите:

  • 35 грама овесни снегулки
  • 1 лажичка мелено ленено семе
  • 80 милилитри млеко по избор
  • 85 грама грчки јогурт

Потоа, врз основата ставете ги вашите омилени вкусови. Ви предлагаме вкусови кои можете да ги комбинирате, како на пример:

  • 3 лажички рендан морков, една рака бадеми или ореви, лажичка цимет, лажичка мед.
  • Вишни, малини, рибизли и изрендајте малку кора од лимон.
  • 2 лажички мед, 1 лажичка какао, една рака свежо исечкани јагоди, 2 изрендани коцки црно чоколадо.
  • 2 лажички мед, исечкана банана, рака ореви и ананас.

Теглата со омилените комбинации оставете ја да отстои во фрижидер преку ноќ, а наутро кога ќе се разбудите ќе имате интересен, хранлив и здрав појадок.

 

Смудито е хранлива напивка, која доаѓа директно од блендерот. Тоа е и лесен и едноставен начин за да не постојат повеќе изговори дека не јадете овошје и зеленчук кои не се термички преработени. Предноста на овој вид појадок е во тоа што можете да експериментирате, без можноста да погрешите бидејќи можете да го прилагодите според вашиот сопствен вкус. Неопходни работи за да направите смуди се: блендер, неколку производи кои сигурно веќе ги имате во вашата кујна и 5 минути! Погледнете неколку идеи:

Спанаќ и брокула

Во блендерот ставете:

  • Спанаќ
  • Брокула
  • Киви
  • Јаболка
  • Ѓумбир (помало парче)
  • 200 милилитри вода

 

Јаболка и ананас

Во блендерот ставете:

  • Половина банана
  • Ананас
  • Јаболка
  • Праска
  • Ѓумбир
  • 150 милилитри вода

Праска и морков

Во блендерот ставете:

  • Праска
  • Јаболка
  • Морков
  • Целер
  • Половина лимон
  • 150 милилитри вода

Во секое смуди можете да додадете јаткасти плодови (ореви, бадеми) а ние ви препорачуваме од една до две лажички ленено семе, лажичка мед и лажичка цимет.

Муслите се појадок кој се спрема за 5 минути, а е многу хранлив, здрав и прави да се чувствувате сито. Тоа што сакаме да го нагласиме е дека не треба да купувате готови, веќе спремени комбинации од разни чоколадни и овошни мусли, бидејќи тие се преполни со шеќер и воопшто не се здрави. Отидете во најблиската продавница за здрава храна и купете ги следниве производи:

 

  • Овесни или пченични снегулки
  • Сончогледови семки
  • Ленено семе (препорачуваме сомелено)
  • Суво овошје (грозје, смокви…)
  • Половина банана, мед, кефир, (може млеко, јогурт)
  • Јаткасти плодови по сопствен избор

Во чинија ставете овесни или пченични снегулки, додајте сончогледови семки, ленено семе, суво овошје по избор, лажичка мед и исечкана банана. Овие состојки можете да ги прелиете со млеко по избор, јогурт, а ние ви препорачуваме и кефир – еликсирот на младоста.

 

Превземено од КафеПауза


Во етер
Наслов
Изведувач

Background