Не се пијат студени течности на високи температури

Организмот може да се разлади со туширање и внесување на течности, но не студени, бидејќи тој повторно се затоплува до оптималната телесна температура и така дополнително се троши енергија, советува примариус доктор Амра Башиќ-Живадиновиќ.

Тоа е случај кај прегрејувањето на организмот, а Башиќ-Живадиновиќ потенцира дека топлотниот удар и сончаницате се сериозни состојби кај кои неопходно е да се побара помош од лекар.

Таа истакнува дека лице во таква состојба прво треба да се сокрие во ладовина и што побрзо да се однесе на лекар.

За да се избегнат последиците од високите температури, треба да се носи памучна облека, да се заштити главата, да не се прејадуваме, да не се јаде масна храна и физичката активност да се намали на минимум.

– Кај високите температури доаѓа до проширување на крвните садови и паѓа крвниот притисок, па сите мора да се пазат и здравите и болните, потенцира таа.

Башиќ-Живадиновиќ наведува дека е корисно да се престојува во природа, барем во парковите, а станбените простори да не се отвараат во текот на денот, туку подоцна навечер кога температурата ќе се намали.

Додади коментар

Би те интересирало и

Тигар и коза се дружат во паркот Сафари во Русија

Една коза и еден тигар живеат заедно во паркот Сафари на рускиот Далечен Исток иако ...

Почина првиот легален советски милионер

Во 1987 година претприемачот формира кооперација, а веќе по две години објави дека станал првиот ...

Close