Нимиц охрабрен, но не очекува драматичен пресврт за името

Медијаторот Метју Нимиц по средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Скопје изјави дека не очекува драматичен пресврт во скоро време во однос на преговорите за името.

„Не зборувавме за конкретни предлози, ниту, пак, за нови концепти, ниту, пак, дојдов со нов предлог“, рече Нимиц објаснувајќи дека  разговарале со Димитров за генералните позиции и за настојувањето на Владата да се отвори кон соседите.

Тој информираше дека ја одложил посетата на Атина поради презафатеноста на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, со средби за кипарското прашање, но поврди дека таа ќе се оствари во секој случај.

Прашан дали гледа шанси за прогрес на грчката страна околу нивните црвени линии, Нимиц рече дека за да се реши прашањето треба прогрес на двете страни, но и дека и едните и другите треба внимателно да ги слушнат меѓусебните позиции.

На прашањето како го оценува потпишувањето на времената спогодба, Нимиц одговори дека станува збор за времена спогодба која е функционална  за многу цели.

Околу форматот и нивото на разговорите и можноста тој да се смени, Нимиц забележа дека тој последните години веќе е сменет и дека подолг период немаше воопшто состаноци на преговорачите.

Генерално Нимиц нагласи дека треба да се најдат начини да се интензивира процесот, дека работите се движат, но дека нема драматичен развој кон решение на спорот.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close