Нови детали од обдукцијата на Витни Хјустон- Умре без 11 заба и девет вида дрога во неа – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Нови детали од обдукцијата на Витни Хјустон- Умре без 11 заба и девет вида дрога во неа

Пред една недела се навршија осум години од смртта на музичката ѕвезда Витни Хјустон, а деталите од нејзината смрт и по толку време сеуште се откриваат. Светските медиуми пишуваат дека неодамна испливале детали од обдукцијата и дека пејачката во времето на смртта била во многу лоша здравствена состојба.  Имала проблеми со срцето, проширена артерија и девијација на носот, како последица од конзумирање на кокаин.  Она што  најмногу ги изненадило лекарите  е состојбата на нејзините заби. Според извештајот и недостасувале 11 заба, па носила протеза.

Тина Браун, сестрата Боби  Браун тогаш рекла дека забите и испаднале како последица на преголема употреба на дрога

– Секаде ги губеше забите и дома и надвор кога беше издрогирана. Постојано нарачуваше заби, еден го плаќаше по 600 долари, изјавила Тина.

Витни Хјустон во приватниот живот имала многу проблеми. Пронајдена е мртва на 49 години а во крвта имала девет различни видови дрога. Беше мажена за пејачот Боби Браун со кој имаат ќерка. Боби бил насилен со неа а како мала била злоставувана од нејзин роднина. Сето ова е објавени и во документарниот филм за нејзиниот живот  кој е прикажан на Канскиот фестивал во 2018 година.

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background