Нови истраги на СЈО: Елитни затајувачи на данок купувале долна облека од 500 евра, шминки, часовници, велосипеди…

Четири нови „Т“ во низата на истрагите на Специјалното јавно обвинителство. Денеска обвинителката, Фатиме Фетаи ги презентираше деталите за истрагите „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“ одгатнувајќи ја загатката „Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани “ со која СЈО вчера на Фејсбук ја најави денешната прес конференција.

Првиот предмет „Табла“ се однесува на злоупотреба на службена положба од директорот на основното училиште „Реџо Ружит Зајази“ од село Зајас во 2006 година. Без постапка за јавна набавка, осомничениот на фирма од Кичево и’ овозможнил противправна имотна корист од 200.000 евра.

„Триста“ е предмет кој се однесува на злоупотреба на службена положба од помошник министер во МВР во врска со јавна набавка за триста возила и при тоа го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Предметот „Тотал“ опфаќа даночно затајување од страна на физичко лице кое било сопственик и управител на неколку маркетинг агенции „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиа макс“ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот за периодот 2008-2015 со намера тој и правните лица да одбегнат делумно плаќање даноци давал лажни податоци за утврдување на фактите за оданочување.

Фирмите одбегнале да платат даночни обврски од 121.414 евра, а осомничениот сопственик одбегнал да плати даночни обврски од 63.032 евра. Осоменичениот како управител на овие правни лица наводно за потребните на правните лица купил два душека „меџик тач“, рачен часовник во износ 2.341 евра, мебел, персиски теписи, кујнски садови вискоквалитени.

Предметот „Тифани“ се однесува на физичко лице како сопственик и управител на „Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје“ и агенцијата „Смарт“.

-Осомничената за 2008 -2014 со намера таа и правните лиц да одбегнат плаќање даноци и давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок. Нејзините фирми одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.  Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ ос 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично – информира Фетаи.

За овие лица не се побарани посебни мерки за претпазливост.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close