Нов пораз на Арсенал, навивачите бараат оставка од Венгер

ВБА го победи Арсенал 3:1 (1:1) во првиот натпревар од 29.коло во Премиерлигата.

Арсенал со четвртиот пораз на последните пет натпревари дополнително си ја влоши положбата во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите. Овој пораз дополнително ќе ги разгневи навивачите кои бараат оставка од менаџерот Венгер.

Навивачите на Арсенал му испратија спектакуларна порака на менаџерот Арсен Венгер, пред почетокот на натпреварот, дека сакаат тој да си замине од клубот.

„Нема нов договор, Венгер заминувај“, гласеше пораката која над небото на Бирмингем ја носеше авион, пред и за време на натпреварот.

Мечот во Бирмингем го реши дефанзивецот на ВБА, Крег Досон кој постигна два гола во 12. и 75.минута.

По првиот гол на Досон, Арсенал три минути подоцна израмни Алексис Санчез, а вториот гол за ВБА е дело на Робсон-Кану. Голот предизвика доста полемики и консултации помеѓу судијата Меклин и помошникот.

Покрај поразот грижите на Венгер ги зголемија повредите на голманот Чех, кој мораше да биде заменет во 38.минута и на Алексис Санчез кој мечот го заврши во 75.минута.

По овој натпревар Арсенал остана на петтото место на табелата со 50 бодвои, еден повеќе од Манчестер Јунајтед кој има и натпревар помалку.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

(Видео) Гол за паметење на Реал: 44 додавања, 107 секунди и сите 11 играчи вклучени во иста акција!

Реал Мадрид на импресивен начин ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но она што ...

(Видео) Конечно воздишки на „Камп Ноу“: Семедо со страшен трик ја фрли публиката во делириум, искусниот Хоакин не знаеше каде е топката

Нелсон Семедо допрва ќе треба да покаже за каков калибар на фудбалер станува збор, но ...

Close