(видео) Обвинителството не треба да се персонализира, туку да биде Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вели Незири – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

(видео) Обвинителството не треба да се персонализира, туку да биде Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вели Незири

Обвинителот Ермон Незири кој доаѓа од ОЈО Скопје, а претендира да стане шеф на Основното обвинителство за организиран криминал и корупција, денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 рече дека програма направил бидејќи сакал да ги запознае колегите за каква личност би гласале. Програмата вели тој е визија за тоа како би функционирало ОЈОГОКК доколку тој стане шеф, а со оглед на тоа што би гласале обвинители од сите градови, кои него не го познаваат.

– Мене ми се важни неколку точки, динамика на постапувањето, оперативност и функционирање на истражен центар, паралелни финансиски истражувања со криминалистички истражувања и поголема транспарентност, вели Незири.

Тој рече дека смета оти обвинителството треба да биде обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а не персонализирано обвинителство.

Запрашан за шпекулацијата откако главниот обвинител на Хрватска си даде оставка поради тоа што бил масон, а наводно и Незири бил во таа масонска ложа во Македонија, Незири не одговорни конкретно.

– Никогаш со ниту една постапка не сум го прекршил Законот за јавно обвинителство,ниту во својата работа ниту во кандидатурата. Лесно и може да се примети и да се препознаат центри од кои доаѓаат вакви бесмислени напади. Ако сум бил предмет на некоја таква вест, ценам дека веројатно тоа е стравот дека можеби имам и најмногу шанси да бидам избран, рече Незири.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background