Објавени платите на сите помошници на Трамп

Белата куќа ги објави годишните плати на најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп. Листата ја покажува платата на 377 вработени, вклучувајќи ги и прес-секретарот Шон Спајсер.

Според листата, 21 од помошниците на Трамп во Белата куќа заработуваат од 179.700 долари годишно до 187.100 долари. На оваа листа се и платите на Рејнс Прибиус, шеф на кабинетот на Трамп и на неговиот главен стратег Стивен Банон.

За споредба, канадските пратеници земаат основна плата од 133.220 американски долари, премиерот Џастин Трудо годинава ќе заработи 266.440 долари, а спикерот на Долниот дом Џеф Реган и сите министри и државни министри ќе заработат 196.937 американски долари.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Анѓушев: Субвенциите за инвеститорите ќе зависат од висината на нето платата

Финансиските олеснувања кои од државата ќе ги добиваат како домашните, така и странските инвеститори ќе ...

Ќе се декласифицираат договорите со странските инвеститори

Владата на Република Македонија смета дека е од особен јавен интерес да биде јавна информацијата ...

Close