Одбележан празникот Свети Наум Охридски на Попова Шапка

Традиционално и годинава празникот Свети Наум Охридски се одбележа во истоимената манастирска црква на Попова Шапка. Во православниот храм беше отслужена Света Божествена литургија, со која чиноначалствуваа тројца владици на Македонската православна црква, митрополитит тетовско – гостиварски Г Јосиф, митрополитит кумановски – осоговски Г Јосиф и митрополитит европски Г Пимен.

Во својата беседа митрополитит на тетовско – гостиварската епархија Г Јосиф, изрази благодарност до верниците, кои го одржуваат овој свет храм, кој на овие големи висини на Попова Шапка, сведочи за делата на Свети Наум Охридски

Литургијата беше збогатена со црковно пеење на женскиот младински хор Менада. По завршувањето на литругија, беа прережани славските колачи. Се избраа и новите кумови

И годинава за ова празнување дојдоа голем број верници од тетовско и од сите краишта на Македонија, за кои беше приредена братско сестринска трпеза на љубовта.

 

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Шпанија воведува посторги закони за коридата

Властите на шпанските Балеарски Острови, усвоија закон со кој при борбите со бикови во популарните ...

Сашо Тасевски, нов директор на Драмски театар

Сашо Тасевски станува нов директор на Драмски театар, откако денеска беше разрешен Роберт Вељановски, дознава ...

Close