Одбележување на Денот на првата механизирана пешадиска бригада

Денеска во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец со воена свеченост ќе се одбележи денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).

Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол со прогласување на најдобра единица од составот на бригадата, свечено дефиле на единиците, како и тактичко технички збор на кој посетителите ќе имаат можност да видат дел од орудијата, оружјето и опремата со кои располага бригадата.

Во духот на одбележување на 25 години од постоењето на АРМ, на свеченоста од страна на поранешните команданти на првата и втората механизирана пешадиска бригада, генерали во пензија присутните ќе имаат можност да запознаат со значајните историски моменти од постоењето на бригадата.

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, како датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ. Со достигнувањето на оперативната готовност, 1.мпбр ги превзеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во АРМ, во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови.

Оваа најголема единица во АРМ е препознатлива по  досегашните стекнатото  борбено искуство и учество во мировните мисии во Авганистан и Ирак, реализираните вежбовни активности и високите  резултати од оценувањата, но и несебичната помош која  припадниците на оваа единица ја пружаат на граѓаните на Република Македонија  секогаш  кога тоа е потребно.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close