Одбиени барањата на опозицијата за Јавното обвинителство и за радиодифузната такса

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната собраниска седница побара точката за измени во Законот за јавно обвинителство да биде ставена како точка на дневен ред, бидејќи е по скратена постапка. Во спротивно најавија дека ќе го поднесат како предлог и во редовна процедура.

Предлогот на опозицијата да биде ставена на дневен ред точката за измени на Законот за јавно обвинителство е отфрлен. Гласаа 102 пратеници, од кои 60 гласа беа „против“, 41 гласа „за“, а еден од пратениците гласаше воздржано.

При образложението на предлогот Илија Димовски изјави дека „оваа влада нема да опстане, има тенко мнозинство и поради нереалните ветувања меѓу кои и Законот за употреба на јазици“.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара по скратена постапка да биде разгледан предлог законот за укинување на радиодифузната такса. Во образложението на предлогот, Милошоски се повика на политичари од СДСМ, кои барале пред изборите укинување на оваа јавна давачка.

Предлогот беше одбиен. Гласаа 103 пратеници, од кои 62 беа против, а 41 гласаа „за“.

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски од 30 точка на дневниот ред е поместена како 5 точка.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close