Од денес аплицирање за пасоши и во Маврово

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во полициската станица во Ростуше стави во употреба целосна апаратура за издавање на лични документи за жителите на Општината Маврово и Ростуше. 

Министерот Спасовски притоа порача дека оваа одлука е резултат на проценката за  потребите на населението од оваа општина за добивање на лични документи. Сега   жителите од општината Маврово и Ростуше нема веќе да се изложуваат на додатни трошоци и за документите да аплицираат во Гостивар, како досега.  Имајќи во предвид дека општината има  голем број на печалбари  кои доаѓаат во летниот период во  родниот крај, издавањето на личните документи  за нив сега е многу прифатливо.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close