Откупени над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196.82 денари

Заклучно со вчера, девет компании од 10 откупиле над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196,82 денари од реколтата за 2016 година. Согласно Законот за тутун, исплатени се 98 проценти, односно 4.873.724.751,49 денари.

За ова денеска на прес конференцијаинформираше денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Цветан Трипуновски. Според него, во текот на откупот немало проблеми во целиот процес, ниту по квалитативните ниту по квантитативните методи, освен кај две кутии кои биле спорни, односно комисиски биле прoценувани во текот на откупот.

Трипуновски  нагласи дека фирмата Струмица табак не ги исполнувала условите за откуп, а сета количина од таа компанија во договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја преземале останатите компании.

Реколтата 2016 година тежела точно 25.152.000 килограми и е со вредност од 4.950.440.160,45 денари.

Додади коментар

Би те интересирало и

Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите ...

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Close