Пазарџиите бараат инфраструктурно средување на пазарите

Комората на трговци на зелени пазари која ги застапува зелените пазари денеска побара инфраструктурно средување на просторот прво на Бит Пазар, а потоа и на Зелен пазар и пазарот Буњаковец. Според нив, овие објекти треба да бидат од затворен тип, оградени со монтажни елементи, со санитарни јазли и паркинг, а пазарџиите да имаат добри услови за работа и соодветно место за чување на производите.

Претседателот на Комората, Екрем Долек вели дека градежната дозвола е готова и апелира до инвеститорот Скопски пазар да почне да го гради објектот на Бит Пазар.

„Скопски пазар треба да почне со реализација на тоа што сме се договориле уште во 2010 година. Значи иницијативата и согласноста е постигната во 2010 година да се гради пазарот Бит Пазар, потоа Зелен пазар и да заврши со пазарот Буњаковец“, изјави тој, посочувајќи дека очекуваат во најбрз можен рок без одложување да се почне со реализација на овој проект.

Според него, нема ниту еден пазар кој ги исполнува минималните технички услови за функционирање:

„Покренавме иницијатива од 2005 година, нагласи, за изградба почнувајќи од пазарот Бит Пазар, значи реновирање и прилагодување на пазарите согласно Хасап стандардите кои ги имплементирала Република Македонија во законска форма, но за жал од 2005 година до денеска немаме ништо“.

Регистрирани пазарџии има 25.000, а бројот на дивите продавачи е 50.000 кои продаваат на улица.

„Дури и пред општинските згради има поставени импровизирани тезги, а од друга страна легалните пазарџии се под притисок на инспекциските служби, плаќаат персонален данок на државата, плаќаат закупнина на тезгите, во долгови се и дадени се на извршители. Оваа ситуација пазарџиите во иднина нема да ја толерираат и таа мора да се среди“, рече Долек.

Тој потенцира дека од 2008 до денес има повеќе од 10 драфт верзии на законот за зелени пазари и досега ниту една од нив не е земена предвид, а најмалку да се преточи во законска форма.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека на Бит Пазар за закупнина за тезга пазарџиите плаќаат до 4.500 денари, а на Зелен пазар 5.200 денари…

Додади коментар

Би те интересирало и

Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите ...

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Close